Европската унија бара од Македонија да воведе визи за граѓаните на Косово. Оваа барање кое власта на ДУИ И СДСМ го кријат го објави амбасадорот на Косово во Белгија Агрон Бајарами.
Апсолутно е неприфатливо барањето на Европската комисија да го наведат Косово со држави за кои треба да бидат потребни визи а во однос на Црна Гора и Македонија.
Посебно вознемирувачко што со години на Косово неправедно му се одбиваше визна либерализација и сето ова доаѓа по договорите од Берлинскиот процес – напиша Бајрами.
Ова барање од ЕУ кон Македонија е веќе подголго време но власта на ДУИ одбива да го спроведе. Пред неколку дена МНР објави дека се воведуваат визи за неколку земји меѓу кои Куба и Боцвана но не и за Косово.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.