Американец цели 45 години собирал монети, сега реши да ги потроши

73-годишниот Ота Андерс од Луизијана собрал илјадници монети. Започнал со едно пластично шише слично на она кое влегува во дозер за вода и наполнил вкупно 15 такви шишиња.Откако собирал монети цели 45 години, решил да ги уплати. „Гледањето изгубена или фрлена паричка ме потсети да бидам благодарен“, рече тој.

Објасни како успеал да собере толку многу ситни монети. „Никогаш не сум потрошил кусур. Подобро да платам со картичка отколку да дадам паричка“, рече тој.

И не само тоа, учениците од училиштето каде што предавал често му давале парички, но тој никогаш не прифаќал донации. Кога некој ученик ќе му донел неколку монети, тој ја враќал сумата во поголема сума.

Џеки Кенеди – влијателна жена, но и домаќинка и мајка за пример!
Џеки Кенеди – влијателна жена, но и домаќинка и мајка за пример!
Масакр на свадба во Тајланд: Младоженец си ја убил невестата и уште тројца гости
Масакр на свадба во Тајланд: Младоженец си ја убил невестата и уште тројца гости

После толку години собирање монети, Ота решил да оди во банка и да ги предаде. Собрал половина милион монети, кои изнесуваат 5135,14 долари. Тие пари ги потроши за да ја плати сметката на стоматологот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.