Американската крајбрежна стража ќе води истрага за експлозијата на батискафот Титан со помош од Канада, Франција и Велика Британија

Американската крајбрежна стража објави дека ќе ја води истрагата за експлозијата на подморницата „Титан“ со помош на Канада, Франција и Велика Британија.

Батискафот Титан експлодираше на пат да ја обиколи потонатиот брод Титаник, при што загинаа сите пет лица во него. Остатоците беа пронајдени во четвртокот (22 јуни) на околу 3.810 метри под површината на водата и на околу 1.600 стапки (488 метри) од Титаник во водите на Северниот Атлантик.
Главниот истражител, капетанот Џејсон Нојбауер од американската крајбрежна стража рече дека операциите продолжуваат и дека го мапирале местото на инцидентот. Тој не прецизираше временска рамка за истрагата. Нојбауер рече дека свикувањето на Поморски истражен совет е највисокото ниво на истрага што ја спроведува американската крајбрежна стража.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.