Американската морнарица собори 15 дронови на Хутите во Црвеното Море

Американската морнарица утрово собори 15 беспилотни летала лансирани од јеменските бунтовници Хути во Црвеното Море, соопшти Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ).

– Американската војска одговори на нападот од големи размери на Хутите поддржани од Иран што се случи во Црвено Море и Аденски Залив помеѓу четири и шест часот и 30 минути по локално време, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ..

Соборените беспилотни летала, според ЦЕНТКОМ  претставувале „непосредна закана за трговскиот брод, американските поморски сили и бродовите на американските сојузници во регионот“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.