Американски воен брод собори четири дронови испратени од Хутите од Јемен во Црвеното Море

Американски разурнувач кој патролирал во Црвеното Море соборил четири борбени беспилотни летала испратени од Јемен и насочени кон тој брод, соопшти денеска американската Централна воена команда (Центком).

Со воз од Берлин до Париз за осум часа
Берлин и Париз наскоро ќе бидат поврзани со нова дневна железничка линија. Патувањето ќе трае околу осум часа, а првиот воз ќе тргне во декември, објавија Германски железници, пренесува …
Скопјанец со фалсификувани евра си купил автомобил во Кавадарци
СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.И.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 01.04.2024, при купопродажба на возило во Кавадарци, пријавениот …

„Разурнувачот Лабун“ вчера собори четири беспилотни летала кои дојдоа од подрачјата под контрола на Хутите во Јемен и беа насочени кон американскиот брод“, соопшти американската воена команда преку мрежата Икс, наведувајќи дека нема повредени или оштетувања.

Американската воена команда објави и дека „Саибаба“, габонски танкер кој пловел под индиско знаме, бил погоден вчера во Црвеното Море во напад на беспилотни летала испукани од бунтовниците Хути од Јемен, додавајќи дека нема повредени.

Беспилотното летало испратено од Хутите го гаѓало и танкерот „Бламанен“ кој пловел под норвешко знаме и за малку ќе го погодел, додаде Централната воена команда на САД.

Според Центком, ова се 14-ти и 15-ти напади на јеменските бунтовници на бродови во Индискиот Океан од 17 октомври.

Неодамна, бунтовниците Хути во Јемен извршија серија напади со беспилотни летала и ракети врз бродови во Црвеното Море. Бунтовниците кои контролираат голем дел од Јемен велат дека нивна цел се бродови поврзани со Израел поради војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа.Многу големи бродски фирми ги прекинаа операциите во Црвеното Море поради зголемениот ризик од напади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.