Американски колачиња со парчиња чоколадо

Потребни состојки:
3 јајца
200 г маргарин за колачи
300 г шеќер
1 лажица мед
1 ванилин шеќер
420 г брашно
1 лажичка сода бикарбона
Малку сол
270 г ситно сечкано чоколадо
Начин на подготовка:
Изматете го омекнатиот маргарин, додајте шеќер, ванилин шеќер, мед и едно по едно јајце.
Во друг сад промешајте брашно, сол и сода бикарбона, па додајте ги во првата смеса.
Додадете ги парчињата чоколадо и мешајте уште некое време.
Ставете хартија за печење на тавчето и со помош на лажичка вадете од тестото и оформете колачиња.
Печете 10 до 15 минути на температура од 180 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.