Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел нареди запирање на производството на новиот контроверзен медал кои би се доделувале на воениот персонал во неборбениот сектор, компјутерските пилоти кои ги наведуваат беспилотните летала и сајбер војници , во очекувањето од истражувањето за тоа треба ли тоа да ги надминува одликувањата за храброст на бојното поле, пишува The Washington Post.
За тоа во рок од 30 дена суд ќе донесе работна група предводена од началникот на генералштабот, генералот Мартин Демпси.
Новото одликување, наречено Distinguished Warfare Medal за особен придонес во војувањето, во февруари го одобри тогашниот министер за одбрана Лион Панета, а би се доделувал на припадниците на армијата за „извонредни” достигнувања во областа на „далечинското војување” по нападите од 11-ти септември 2001 година. Новото одликување би им се доделувало на припадниците на армијата кои не дејствуваат на теренот, туку главно седејќи на своите компјутери.
Членовите на Конгресот и здруженијата на ветераните се спротиставија, не толку поради самото одликување, туку поради „редот на приоритетот”, бидејќи новиот медал би бил над Бронзената ѕвезда и Пурпурно срце, одликувања кои се доделуваат за покажана храброст на бојно поле.
Според функционер на министерството за одбрана, „Министерот за одбран Хејгел наред да се разгледа редот на приоритетот за новото одликување”.
И членовите на сенатската комисија за вооружените сили сметаат дека Хејгел, кој двапати е одликуван со орденот на Пурпурно срце како војник во борбена единица во Виетнам, мора да го земе предвид и моралното прашање што ова одликувње би го поттикнало.
Макфакс
Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел нареди запирање на производството на новиот контр