Амнестијата е за уставните измени

Мицкоски бараше или на Заев му требаше, сега веќе и не е важно кој реално ја покрена амнестијата!?!
Се фативме, или поточно се фатија на орото и ќе го играат до крај. А, кој ќе плати, па се знае народот и Македонија.
Премиерот Заев сѐ уште не е сигурен дека ќе има двотретинско мнозинство за изгласување на уставните измени во Парламентот. Во моментов сигурни се 75-76 пратеници, но не и 80 гласа колку што имаше кога се отвораше Уставот, велат владини извори.
Вечерва во емисијата „24 отворено” и самиот Заев  потврди дека има 76 гласови, но рече дека се надева дека за уставните измени може да има и повеќе од 80 гласови. Тука, како што кажа, мисли и на други пратеници од опозицијата, бидејќи, според него, многу од нив знаат дека оваа шанса за евроатлантски интеграции не треба да се испушти, а наредната може да се појави после многу години.
Заев вчера јавно призна дека е точно дека Законот за амнестија е донесен делумно и со цел за да успее процесот на уставните измени, но и за помирување кое ѝ било потребно на државата, и покрај тоа што е свесен дека веројатно ќе плати политичка цена за тој потег.
-Очекувам дека за овие одлуки јас ќе ја платам политичката цена. Под политичка цена мислам на избори. Граѓаните кажуваат и оценуваат на избори. Да, точно е дека амнестијата ја правиме и за процесот на уставните измени. Со профилот на законот се амнестираат пратениците и уметниците. Дурловски, влезе и ја пееше химната. Тој треба да се суди на 20 години затвор? Но, законот е и за да се постигне помирување, рече Заев.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.