Анабела Атијас и Гаги Ѓогани гостуваа во „Амиџи-шоу“ на Огњен Амиџиќ за да ја промовираат својата дуетска песна „Вила вештица“, со која се враќаат на музичката сцена како „Фанки ЏИ“. Во таа пригода, Анабела искрено раскажа што се случува во нејзиниот приватен живот и дали навистина се разведува со Андреј Атијас поради семејно насилство.
„Мој живот, моја работа. Имам своја приказна, не мора секој да ја знае. Дефинитивно предолго време си се давав на послужавник, но ќе те испочитувам тебе и твојата емисија и ќе кажам дека имаше бурен период во нашиот живот. Дојде до помала расправија, но не и до насилство.
Фала му на Бога, се’ уште сум мажена жена и се надевам дека ќе останам и до крајот на животот. Не сум некој што избрзано донесува одлуки и што крева раце од што било, а најмалку од семејството. А она што морам да го кажам е дека благодарение на Андреј, и ‘Фанки ЏИ’ е денес повторно заедно“, откри Анабела, јасно ставајќи до знаење дека не се разведува и дека нејзиниот сопруг е заслужен што таа и бившиот сопруг повторно настапуваат заедно.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.