Кошаркарите на Анадолу Ефес ја разбија Црвена ѕвезда со 100:55 во средбата од 34. коло во Евролигата.
Ова за турскиот тим беше меч да се биде или не, односно победа за нив значеше место во плејин фазата, цел која ја остварија со стил, триумф од дури 45 разлика.
За „црвено-белите“ ова е најтешкиот пораз во нивната историја кога е во прашање најквалитетното европско натпреварување. Со овој резултат воедно згаснаа и сите надежи на Партизан за Топ 10 пласман, поточно Звезда во ситуацијата не одигра за нив што значи дека „црно-белите“ утре ќе играат ревијален меч со Валенсија.
Брајант со 26 поени беше прв стрелец, Вилис беше второ име со 15 кошеви. На спротивнатата страна тројца играчи Митровиќ, Недовиќ и Гедраитис уфрлија по 11 поени.