АНАЛИЗА НА „ПАРИ“ : ОСНОВНАТА КАМАТА ПОСТОЈАНО РАСТЕ, КОГО ПОВЕЌЕ ЗАСЕГА – ФИРМИТЕ, ИЛИ ДОМАЌИНСТВАТА?

Дали банкарската реакција е соодветна на сигналите што ги праќа Народната банка преку движењето на основната каматна стапка, но и преку другите мерки со кои ја затега монетарната политика? Упростен одговор на ова прашање би бил: основната каматна стапка откако почна инфлацијата се зголеми за 4,9 процентни поени (со последната измена од 1-ви август) , каматата на вкупните кредити се зголеми за 0,82 процентни поени, а на вкупните депозити за 0,70 процентни поени (заклучно со јуни). Ова значи дека растот на основната камата креирало одреден нагорен притисок на комерцијалните камати, а дали и колку од таков одговор е задоволна монетарната власт, договорот се добива со секое ново заголемување на основната камата кога дава сигнали за натамошно затегање на паричната маса, потенцирајќи ги и мерките за понатамошна денаризација.

Последен раст на каматаната стапка се случи со одлука на 1 август кога Народната банка информираше дека Советот одобрил раст на основната камата за 0,15 процентни поени, со што достигна 6,15 проценти. По подолг период на ниска каматна стапка од само 1,25 проценти, кога инфлацијата го зеде замавот, од април 2022 година почна да расте основната каматна стапка.Пари направи анализа, разгледувајќи ги каматите непосрено пред првиот инфлациски одговор со раст на основната камата, па до сегашниот последен. Значи, ги анализираме основните камати, како и комерцијалните камати во март 2022 година и во јуни 2023 година (за кога има последни податоци).

ШТО МОЖЕ ДА СЕ ЗАКЛУЧИ ОД ПОДАТОЦИТЕ?

Од податоците може да се види дека каматата на новоодобрените кредити значително повеќе се зголемила од каматата на новопримените депозити. Така каматата на новоодобрените кредити во март 2022 година изнесувала 3,75 проценти, а во јуни изнесувала 5,26 проценти, со што имала раст од 1,51 процентен поен.

Притоа, поголем раст имало кај каматите на новоодобрените кредити во корпоративниот сектор каде што од ланскиот март до овој јуни имало раст за дури 1,95 процентен поен. Имено, во март 2022 година вкупната каматна стапка за нооводобрените кредити за корпоративниот сектор била 3,31%, а во јуни годинава изнесувала 5,26 %. Помалку се зголемила каматата на новоодобрените кредити кај домаќинствата. Лани, во март каматата била 4,47%, а во јуни годинава изнесувала 5,27%, со што се релаизрал раст од 0,8 процентни поени.

Од друга страна пак, поголем раст имало кај стапките на новопримените депозити на домаќинствата. Стапката на новопримените депозити во корпоративниот сектор , во анализираниот период се зголемила за 1,34 процентни пени – од 0,77% на 2,11%.

Кај новопримените депозити на домаќинствата растот е 2,24 процентни поени – од 0,63 на 2,87%.

Новодобрените кредити и новопримените депозити може брзо да одговарат на новите сигнали од монетарната политика.

Кредити има склучувано и со фиксни каматни стапки и таму не може да има промени во однос на каматата до истекот на наведениот период.

Така, како раултат на повеќето договорни причини,  каматите на вкупните кредити и на депозитите се пониски од оние што се новоодобрени. Но, и таму, како и кај новоодобрените кредити, поголем раст на камати има кај корпоративниот сектор (од 3,43% на 4,86%), отколку кај домаќинствата ( од 5,11% на 5,35%).

Во однос на вкупните депозитите, комерцијалните банки повеќе се свртеле кон парите на фирмите, па за да ги привлечат растот на камата е од 0,94% на 1,99%, (1,05 процентен поен) , додека вкупниот раст кај домаќинствата е од 0,68% на 1,34% (0.66 процентни поени).

Линк до анализата: https://pari.com.mk/analiza-na-pari-osnovnata-kamata-postojano-raste-kogo-povekje-zasega-firmite-ili-domakinstvata/

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.