Ана Ивановиќ е многу активна на социјалните мрежи и често споделува фотографии со своите следбеници.
Најчесто на фотографиите кои ги споделува на Инстаграм се коментираат нејзините модни комбинации.
Судејќи според бројот на лајкови, последната модна комбинација очигледно дека им се допаднала на нејзините следбеници.
View this post on Instagram
Поранешната тенисерка ни дава одличен предлог за деловен стајлинг кој не само што изгледа феноменално, туку е и удобен.
Тесни црни фармерки со длабок струк во комбинација со крем блејзер – се полн погодок.
За комбинацијата да не биде премногу монотона и обична, Ана облекла и бакарна маица со детали од чипка, додека пак косата ѝ била врзана.
Доколку не знаете што да облечете наредните денови за вашиот работен ден, ископирајте го овој стајлинг и нема да погрешите.