Тој во дневникот на Телевизија Сител соопшти дека компаниите треба да се мотивирани, вклучително и овие на регулираниот пазар, да инвестираат во обновливи извори. – И тоа е константно наше барање. Тука дефинитивно регулираниот пазар сè уште е заклучено поле каде не се доволува да се инвестира во обновливи извори затоа што не се откупуваат вишоците на електрична енергија. И тука државата мора да сфати дека ако целиот развиен свет оди кон обновливите извори дефинитовно мора да се либерализира пазарот на електрична енергија, рече Ангеловски. Додаде дека тоа воопшто не е едноствано, но алтернатива не постои.
Тој смета дека треба да им се дозволи на домаќинствата да инвестираат во обновливи извори. Според него, тоа е целокупен спас и на македонската економија и на буџетот на државата.
Прашан за најавената даночна реформа, Ангелоски изјави дека реформа има само со создавањето даноци, без соодветна рационализација на трошоците, нагласувајќи дека еден добар дел од даноците се неоправдани и дека треба да ги покријат на, како што рече, некој начин трошењата кои одредени државни институции неопрвдано ги направиле. Според него, мора длабински да се извршат реформи во целокупниот систем на финансии во републиката и многу работи, како што рече, да се креираат на многу поразличен начин.
За данокот за екстра профит, Ангелоски смета дека е излишен, создава правна несигурност и праќа, како што рече, многу лош сигнал. Според него, ние треба да ги наградиме тие кои создале натпросечни позитивни резултати, не треба да ги казнуваме.