Директорот на Центарот за управување со кризи – Стојанче Ангелов попладнево соопшти дека и покрај сите вложени напори од противпожарните служби, воздухопловите и припадниците на Армијата и полицијата, пожарот што пред неколку дена ја зафати планината Серта засега не може да се стави под контрола.
– Теренот е исклучително тежок, има многу трња, грмушки, многу густ терен испресечен со долови. Високата температура и ветерот којштого менува правецот дополнително го отежнува гаснењето. Рано наутро гасневме со еден полициски хеликоптер, потоа со два армиски хеликоптери, а нешто подоцна и со два ер трактори на ДЗС. Но и покрај тоа, за жал огнот повторно гори. Војската е активна на терен. 103 војници активно учествуваат во гаснењето на пожарот, како и 30 припадници на МВР коишто даваат голем придонес и им помагаат на локалните и територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци – рече Ангелов.
Тој нагласи дека контролата врз овој пожар нема да биде ставена денес и гаснењето ќе продолжи денеска додека има видливост, а рано наутро гаснењето ќе продолжи.
- Приведен свештеник во црква, сексуално малтретирал малолетна девојка
- „Епскиот“ криминал на Панче: Нашле кристали од лустер, објавија дека заплениле дијаманти
- Лукаревска: Со новото задолжување од Унгарија долгот ќе го пробие плафонот од 60 отсто
- Функционерите на ВРЕДИ ги злоупотребуваат државните ресурси – ДПМНЕ и ЗНАМ молчат
- Честито задолжување од пола милијарда: Законот за унгарскиот кредит помина во Собрание
- Муртезани назначен за главен преговарач со Европската Унија
- Украинците на друг дел од светот ги нападнаа Русите! Напад на воена база, објавено ексклузивно видео!
- Албанците се обединија – нова блокада на Законот за бранителите
- ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГИ ПРЕТСТАВИ ПРЕДЛОГОТ НА НОВИТЕ КОМЕСАРИ НА ЕК: Жена од Словенија задолжена за проширување, Каја Калас, можна шефица на дипломатијата
- НЕВЕРОЈАТНО: Експлодираа хакирани пејџери на членови на Хезболах! Има мртви, околу 2.300 повредени! (ВИДЕО)