Ангелот на Викторија го открила рецептот за омиленото смути

Секое утро, Адријана Лима го започнува денот со смути од авокадо кое ѝ дава енергија, додека Бехати Принслу се колне во пробиотскиот напиток на база на јогурт. А што пие Кендис Сванапул секое утро, ви откриваме во продолжение.
Повеќе од јасно е дека манекенките имаат посебен режим на исхрана кој се состои од низа проверени рецепти со висока содржина на хранливи материи.
Смутито е еден од омилените напитоци кој е многу популарен во последните неколку години, а најпознатите убавици во светот обожуваат да го консумираат.


Покрај Адријана Лима и Бехати Прислу, неодамна и нивната колешка Кендис Сванапул го открила својот омилен рецепт за смути, кој како што вели, е заслужен за нејзиниот здрав и блескав тен.
“Мојот појадок варира во зависност од моето расположение. Обично подготвувам смути напиток за убава кожа. Тој се состои од кокосово и ленено масло, една банана, протеини, овошје кое изобилува со антиоксиданси како боровници или јагоди и некое масло од јаткасти плодови”, вели убавата манекенка.
Антиоксидансите се покажале како моќно средство во борба против воспаленијата на кожата и првите знаци на стареење.
“Ова смути го открив преку интернет. Сакам да посетувам блогови за убавина. Отсекогаш сум била љубител на здравата исхрана и со оглед на тоа што работев со години на неа, сфатив што најмногу му одговара на моето тело и што ми дава енергија”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.