Андријана, ќерката на Јулија ја изгуби битката со карциномот

Сликарката Андријана Мациев (41), ќерката единица на популарната пејачка и ТВ водителка Јулија, ја изгуби битката со болеста. Таа се бореше со канцер околу две години, а пред три дена нејзината мајка објави дека состојбата и се влошила.

Прен неколку дена Јулија напиша:

-Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија.
Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господи помилуј, Оче спаси нас

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.