Актерката Анџелина Џоли на премиерата на филмот „Марија“ на филмскиот фестивал во Венеција се појави во елегантен фустан, но сите гледаа во нејзините претенки раце.Анџелина Џоли присуствуваше на премиерата на филмот „Марија“, за оперската дива Марија Калас, во кој таа ја толкува главната улога.Таа за официјалната премиера избра елегантен фустан од лесен материјал во беж боја. Над горниот дел од фустанот носеше наметка од вештачко крзно , која ѝ падна на рамениците и ги откриваше нејзините раце.Сите забележаа дека нејзините раце се премногу тенки и дека вените ѝ никнуваат.Елегантниот и гламурозен плисиран фустан кој ја следи линијата на телото го дизајнираше модната куќа Тамара Ралф. Актерката ја пушти својата долга права коса испреплетена со светлини, ги истакна очите со кафени тонови, а избра светло црвен кармин.Анџелина во еден момент клекна на црвениот тепих за да го поздрави својот обожавател кој дошол на премиерата, кој поради болест бил врзан за кревет. Таа клекна да разговара со него, а овој трогателен момент го забележаа камерите.Angelina Jolie kneeling down at red carpet of Venice Film Festival to meet a fan with ALS. pic.twitter.com/s9jkAIxHo5— EXECUTIVE MEDIA (@EXECUTIVEXMEDIA) August 29, 2024
Пронајдете не на следниве мрежи: