Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, предмалку на Фејсбук побара одложување на лидерската средба која е закажана за понеделник поради трагичната вест за смртта на Вања.
– Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на ЛИДЕРСКА за датум за избори!
Поради ова, јас како претседател на Левица го ОТКАЖУВАМ моето учество на планираната средба и апелирам до премиерот истата да се помести за посоодветен тајминг, после расчистувањето – преку парламентарна надзорна расправа – на сите неразјаснети прашања поврзани со пропустите на МВР и ОЈО изминативе денови (за време на самитот на ОБСЕ).
