Левица денеска отвори нова канцеларија во Кочани, информираат од партијата преку објава на Фејсбук.
– Кочани уште на локалните избори ја прифати црвената боја избирајќи член на Левица во Советот на Општината, денес повторно блесна во црвено. ВЕЧЕРВА ОФИЦИЈАЛНО Е ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ЛЕВИЦА ЗА ЛОКАЛНИОТ ОГРАНОК ВО КОЧАНИ.
На отворањето беа присутни претседателот на партијата, Димитар Апасиев, пратеникот од ИЕ бр.3, Борислав Крмов како и други членови и симпатизери. На настанот присутствуваа и граѓаните на општината кои имаа можност одблиску да се запознаат со платформата, визијата и стратегијата на Левица, како единствена идеолошка, работничка и класно-ориентирана партија.
Отворањето беше проследено од сите локални медиуми во општина Кочани.
Заинтересираните граѓани ќе може лично да ги споделат своите проблеми, забелешки и сугестии со членовите на Левица секоја среда од 17 до 19 часот.
Низ слики, дел од атмосферата од денешното отворање на новата канцеларија на Левица во Кочани. – напишаа од Левица на Фејсбук.