„Навивачите од Арачиново во 70 минута од натпреварот почнаа да го напуштаат стадионот незадоволни од резултатот и не знаеме што очекувале од домашната екипа да направи на овој натпревар кога сите екипа знаат дека моментално сме најквалитетна екипа во Трета лига север. По напуштањето на стадионот навивачите од Арачиново ја нападнаа домашната публика каде дојде до прекин на натпреварот и да немаше полиција во голем број кој знае што ке се случеше на натпреварот. По пауза од 30 минути продолживме со натпреварот и резултатот остана непроменет 0:2“, велат од овој фудбалски клуб
Додека вчера и денеска во фокусот на медиумите е апсењето на новинаот Фуркан Салиу на фудбалскиот натпревар БВК Коњаре и ГФК Куманово, кој се играше во Средно Коњаре вечерва на Фејсбук се огласи и фудбалскиот клуб ГФК Куманово, од каде посочија дека сакаат да ја известат јавноста што се случувало на натпреварот.
Оттаму велат дека биле освоени три бода на дерби натпреварот на како што велат, тешко гостување против екипата на БВК Коњаре.
„Најпрвин да им честитаме на сите играчи, стручниот штаб и управата на клубот. Натпреварот беше екстра организиран од страната на домашната екипа и припадници за одржување на редот ЕБР, Интервентна полиција и редовната полиција од СВР Петровец. За разлика од претходното гостување на нашата екипа во Синѓелиќ каде како што ве информиравме дека немаше никакви услови за фудбал и дека ни се закануваа дека живи нема да излеземе ако бодовите не ги освои домашната екипа. Денес домашната екипа на БВК на натпреварот влезе мотивирано, но уште на самиот старт по една контра го отворивме резултатот со 0:1. Во првиот дел имавме уште две сто постотни шанси за гол кои не ги искористивме“, пишува на фејсбук-профилот на ГФК Куманово.
На стадионот во с. Средно Коњари, како што се вели во објавата, имало домашна публика која навивала фер и коректно, но имало и навивачи од Арачиново кои цело време вршеле притисок на нивните фудбалери, но тоа, како што велат од клубот Куманово, е дозволено во фудбалот.
„На стартот од вториот дел го зголемивме водството од 0:2 и имавме контрола на натпреварот. Навивачите од Арачиново во 70 минута од натпреварот почнаа да го напуштаат стадионот незадоволни од резултатот и не знаеме што очекувале од домашната екипа да направи на овој натпревар кога сите екипа знаат дека моментално сме најквалитетна екипа во Трета лига север. По напуштањето на стадионот навивачите од Арачиново ја нападнаа домашната публика каде дојде до прекин на натпреварот и да немаше полиција во голем број кој знае што ке се случеше на натпреварот. По пауза од 30 минути продолживме со натпреварот и резултатот остана непроменет 0:2“,
велат од ГФК Куманово.
Оттаму апелираат до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) дека екипата на Шкендија од Арачиново не само што се заканува на нивната екипа, туку дека почнале да се закануваат и на сите нивни противнички екипи со кои играат до крајот на првенството.
„На домашната екипа на БВК сакаме да им се заблагодариме за фер и коректен натпревар и се покажаа како вистински домаќини .Иако сакаа со сето срце да ни земаат бодови мора да признаат дека сме поквалитетна екипа од нив. Голема благодарност и до полицијата која беше на висина на задачата и покажаа дека се вистински професионалци. Наредниот натпревар го играме на домашен терен против екипата на ФК Бутел. Сите заедно за фудбалот во Куманово“,
стои во објавата на ГФК Куманово.
За потсетување, вчера беше уапсен новинарот Фуркан Салиу за време на инциденти на фудбалски натпревар во Средно Коњаре, а доцна синоќа излезе од полициска станица.
Салиу најави дека преку адвокат ќе поднесе приговор до Внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи (МВР) за постапувањето на полицијата, особено во делот на претрес на неговото приватно возило, без негово присуство и без судски налог.