Апсење поради обид да се пуштат во оптек фалсификувани 200 евра

На 05.06.2021 во 13.50 часот на ул.„Дебарца“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода А.Р.(20) од Прилеп затоа што претходно во маркет во нас. Тризла се обидел да пушти во промет фалсификувана банкнота од 200 евра.

При преглед кај него била пронајдена и одземена банкнотата. По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.