Апсење среде ноќ во Гази Баба и Ѓорче

Двајца скопјани, во два одделни случаи, уапсени за дрога.

Денеска во 01.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 02.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Г.К.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: