АРГЕНТИНА – Меси се враќа дома: Агуеро ја откри приказната

Лионел Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а претходните преговори за продолжување на соработката не дадоа добар резултат, па затоа се шпекулира дека Аргентинецот ќе си замине ова лето.

Серхио Агуеро зборуваше за иднината на Меси, при што кажа дека Аргентинецот најверојатно ќе се врати во татковината и ќе го облече дресот на Њуелс Олд Бојс.

„Меси сериозно ја разгледува опцијата да се врати во Аргентина и да го облече дресот на Њуелс“, кажа Агуеро.

И претходно имаше вакви најави од Аргентина, иако за услугите на Меси е заинтересиран и Интер Мајами.

Пронајдете не на следниве мрежи: