Акциската ѕвезда три часа бил задржан на аеродромот во Минхен бидејќи не пријавил скап часовник кој требало да се најде на аукција.
Актерот, политичар и активист во борбата против климатските промени си ги плати даноците, но дури по бројни компликации.
- Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска (член на ДКСК) од наставен кадар откако Телма ја праша Антикорупциска за нејзин можен судир на интересВечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја отстрани сликата на Цвета- прочитај повеќе
- Кортни Кардашијан ги надмина сите, па дури и нејзината сестра Ким: Нов божиќен хит со Дедо Мраз (фото)Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг Тревис Баркер го прославија Божиќ на интимен и- прочитај повеќе
- Соларната сондата Паркер ќе биде најблиску до Сонцето во пресрет на БожиќСоларната сонда Паркер, која и припаѓа на американската вселенска агенција НАСА,- прочитај повеќе
- Тајна средба меѓу Кејт Мидлтон и кралот Чарлс за преземање на тронот? Британската јавност зборува за драматичните настани на дворотКралот Чарлс Трети со месеци се бори со ракот, а британското кралско- прочитај повеќе
- Само овој милионер успеа да ја освои една од најубавите жени на светот: Сите се прашуваат која е неговата тајна (фото)Шведската манекенка Викторија Силвстед (50) и швајцарскиот милионер Морис Даба (71) се во врска од- прочитај повеќе
Со неработење на машината за картички, затворена најблиската банка и прениски лимити за подигање готовина, 76-годишникот, кој се прослави со улогата во блокбастерот „Терминатор“, мораше да чека цариниците да донесат нова машина, изјави изворот.
Портпаролот на актерот изјави за германскиот весник „Билд“ дека инцидентот на аеродромот е „комедија на грешки што може да направи многу смешен полициски филм“.
Билд пишува дека Шварценегер „многу смирено ја сватил непријатноста“, а на фотографијата што ја објавиле се гледа насмеан Шварценегер со куќиште за часовник на кое пишува „За Австрија“.
Локалните медиуми јавуваат дека часовникот го изработил познатиот часовничар Audemars Piguet според раката на Шварценегер и дека може да достигне цена од неколку стотици илјади долари.
Планирано е часовникот да се продава на аукција на хуманитарна вечера организирана од иницијативата за климатски промени на Шварценегер во четврток во австрискиот град Кицбил, на околу 90 километри од Минхен.
Почетната цена на часовникот е 50.000 евра.
На аукциската листа, до која дојде весникот Билд, се наведува дека има само 20 такви часовници и дека има фотографија од Шварценегер во карактеристична поза со натпис Arnold Classic.
Покрај часовникот, на аукцијата ќе се најдат и уметнички дела, како и потпишани спортски и филмски предмети.
Пронајдете не на следниве мрежи: