Се соочивме со градење во Водно, а тоа ја нарушува безбедноста на Скопјани бидејќи Водно превенира ерозија, вели во денешната епизода на Мрежа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која нагласи дека последните инциденти на Водно нема да останат несанкционирани од страна на Градот.
-Овој предел не бил соодветно засаден и пошумен, оваа пречка се отстранила во педесеттите години од минатиот век, за да сега гледаме повторно нарушување со дозволи за градба во тој дел.
Со новиот ГУП ќе се отстранат сите овие недоследности и да се заштитат сите функции на Водно, не само природата, туку и заштита од ерозија и рекреативниот и културолошкиот елемент кој го има Водно. Исто удел ќе има и новиот lex specialis кој треба да биде донсесен и да се заштити тој предел, обајсни Арсовска која вели дека противзаконските активности на инвеститори кои со багери поминуваа низ парк-шумата не смеат да останат неказнети.
– Сето она што е спротивно на Закон треба да се санкционира, таму немаше дозвола за сеча, навлегување во шумата е исто така казниво дело, Градот Скопје интервенираше и ги санкционираше овие лица, а во втора фаза покренуваме и кривична одогворност. Ова е важно да се санкционоираат сотрителите и да се превенира ова за во иднина, вели Арсовска.
Ја прашавме градоначалничката и за ДУП-от во Лисиче кој предвидува изградба на неколку згради во населбата која досега беше позната по мирното живеење и дали тоа е во согласност со генералниот урбанистички план.
– ГУП-от е всушнот уставот на урбанистичкото планирање и сега се изготвува новиот ГУП, во меѓувреме сите ДУП-ови мора да бидат усогласени со она што е моментално во сила. Граѓаните таму сакаат хумано живеење и мирен живот и тој план не е разгледуван од Градот Скопје ама тоа што не е желба на граѓаните нема да може да помине кај нас, посочи градоначалничката која истакна дека нема да се толерираат лица кои противправно узурпираат државно земјиште.
Тоа е санкционирано со Закон и за истото секој еден кој нема да го почитува си сноси кривична одговорност, Градот Скопје нема намера да толерира некој кој не ги почитува законите, нагласи Арсовска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.