Сирискиот претседател Башар ал-Асад го осуди самоубиствениот бомбашки напад во древната џамија историската Умајад во кој покрај влијателниот сунитски клерик имамот Мухамед Саид Рамазан ал-Бути и уште 48 лица во главниот град Дамаск, ветувајќи дека ќе ја „исчисти” земјата од екстремисти.
„Му изразувам сочувство на сирискиот народ поради мачеништвото на шеикот Мухамед Саид Рамазан ал-Бути, великанот на Сирија и на исламскиот свет”, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад во својата порака.
„Се заколнувам пред сирискиот народ дека твојата крв, крвта на твојот внук и на сите маченици на татковината не е залудна, бидејќи ќе бидеме верни на твоите идеи борејќи се против нивното насилство и неверништвото се додека не ја исчистиме земјата од нив”, истакна претседателот Асад во својата порака.
Водачот на сириската опозиција Ахмед Моаз ал-Катиб, исто така, го осуди нападот велејќи дека се сомнева дека зад атентатот стои режимот.
Нападот се одигра во четвртокот навечер во џамијата ал-Ајман во квартот ал-Мазраа во северниот дел на Дамаск каде се собрале многу верници за да ја слушаат проповедта на ал-Бути, кој во џамијата вршел проповеди секој понеделник и четврток.
Инаку секој петок ал-Бути преку сириската државна телевизија држеше проповед, а една од темите на неговите беседи беше осудата на тероризмот и насилството. Како истакнат муслимански свештеник, тој беше познат по неговата поддршка на претседателот Башар ал-Асад.
Според сѐ судејќи цел на нападот бил токму сунитскиот имам Мухамед Саид Рамазан ал-Бути чија проповед вечерта во четвртокот дошле да ја слушаат мноштво сириски сунити кои се на страната на алавитот (дел од шиитскиот ислам) претседател Башар ал-Асад.
Власта а за нападот ги обвини терористите како што ги именува бунтовниците кои соработуваат со џихадистите поврзани и со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда и дојдени од многу странски држави, коишто веќе преземаа одговорност за многу бомбашки напади особено во главниот град Дамаск во кои загинаа стотици луѓе, најмногу цивили.
Покрај, имамот ал-Бути припадник на големо курдско племе, во нападот загина и неговиот внук, откако бомбашот самоубиец ја активирал експлозивната направа на своето тело измешувајќи се со верниците во џамијата. Притоа, според последните информации на сириското министерство за здравство, во нападот 84 луѓе.
Инаку секој петок ал-Бути преку сириската државна телевизија држеше проповед, а една од темите на неговите беседи беше осудата на тероризмот и насилството. Како истакнат муслимански свештеник, тој беше познат по неговата поддршка на претседателот Башар ал-Асад.
Ал-Бути, роден 1929 година, дипломирал на шеријатот на Исламскиот Тавџих институт во Дамаск. Во 1953 година се приклучил на ал-Шарија академијата на Универзитетот ал-Азхар и во 1955 година се здобил со глобална диплома и истата година со диплома за образование. На оваа исламска образовна институција станал професор во 1960 година, и докторирал на тема на изворниот исламски шеријат во 1965 година, кога станува и декан на катедрата за религии на универзитетот во Дамаск. Минатата 2012 година е номиниран за претседател на Сојузот на научниците на Левантот, а исто така е член на Високиот совет на Оксфордската академија. Ал-Бути зад себе остави 40 книги посветени на теми од шеријатот, литературата, филозофијата, општеството и цивилизацијата.
Сé уште никој не ја презема одговорноста за овој напад, но според начинот на кој е изведен, сите страни се согласни дека потсетува на стилот на Ал Каеда.
„Ова е злосторство коешто во секој поглед го отфрламе. Нашата вера нашите вредности не ни дозволуваат разликите во мислењето да ги решаваме со убиство”, лидерот на вооружената сириска опозиција Ахмед Моаз ал-Катиб, и самиот врски челник.
Иран, главниот сојузник на владата на Сирија, го осуди нападот во Дамаск, предупредувајќи дека станува збор за „заговор од страна на САД, ционистичкиот режим (Израел – з.р.) и нивните регионални агенти кој им помагаат на сириските терористички групи и ги вооружуваат за поттикнување на верските поделби”
Сирискиот претседател Башар ал-Асад го осуди самоубиствениот бомбашки напад во древната џамија