Аспиринот ќе се тестира како можен лек против Ковид-19

Аспиринот, широко користен лек, кој се препорачува против тромбоза, ќе биде тестиран како можен лек против Ковид-19 во едно од најголемите испитувања во Велика Британија.
Најмалку 2.000 случајно избрани пациенти треба да примаат по 150 милиграми аспирин дневно со вообичаен режим.
Како што пренесуваат британските медиуми, постојат јасни причини во прилог на тезата дека аспиринот може да биде корисен, а покрај тоа и безбеден, евтин и широко достапен.
Податоците за закрепнувањето на овие пациенти ќе се споредат со податоците на најмалку 2.000 други пациенти кои ја примаат втората стандардна терапија за Ковид-19.
Другите терапии што се тестираат вклучуваат антибиотик „азитромицин“ и коктел со антитела на компанијата „Регенерон“, што се користи за лекување симптоми на Ковид-19, како што прими американскиот претседател Доналд Трамп.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.