АТАНАСОВСКИ: Руски рулет за Мицкоски

Недипломатските изјави на американската амбасадорка кај нас, г-ѓа Ангела Агелер, но и директните изјави на високите претставници на американската администрација, задолжена за Западниот Балкан, но и поширокото подрачје на евроазискиот континент, без задолжителната фина дипломатска обланда, со која во стилот на „ти кажувам ќерко, сети се снао“, постојано укажувале на тоа што нашите политички елити треба да направат , особено во сферата на надворешната политика , за да биде усогласена со таа на највисоките стратешки интереси на Американците, ни укажува само на едно: дека на ним веќе им е преку глава од нас и дека шумарот е тука , за да ја прекине „играта“ која ја игра лидерот на нашата опозиција ВМРО-ДПМНЕ, имено докторот даскал Христијан Мицкоски.

Ципрас: Со Зоран се боревме за промовирање на мир, истовремено штитејќи ги националните интереси на нашите земји
„Јас и Зоран се боревме во тешки времиња за нешто за што верувавме и се уште веруваме дека беше неопходно во тоа време, иако сите ни велеа дека не …
ПРВАТА СОПРУГА НА БЕРЛУСКОНИ БЕШЕ ВИСТИНСКА УБАВИЦА: ПО 20 ГОДИНИ БРАК ГО ОСТАВИ ЗА ПОМЛАД, а вака изгледа таа денес
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина во 2023 година на 87-годишна возраст. Во текот на годините на неговото присуство на политичката и јавната сцена, го следеа огромни скандали , често поврзани со неговиот …

Најпросто објаснето со неколку реченици, станува збор за борба на Американците со српското влијание овде (како екстензија на руското), и тие таа борба немилосрдно и бескрупулозно ќе ја водат до крај , макар да треба пак да пребаруваме тела на паднати авиони крај Мостар, колку и морбидно да звучи, но таа е реалноста.

Американците губат битки, но војната, на крајот – секогаш ја добиваат!
Политичката криза во соседна Бугарија, де факто претставуваше борба до истребување на американското со руското влијание во оваа наша соседна земја, битка која беше фаталистичка до крај. За во моментов, да победат Американците, односно да се спроведуваат нивните интереси таму, но се наполно свесни, дека Бугарија и покрај тоа што е полноправна членка на Европската унија и НАТО, како поранешна комунистичка држава-членка на Варшавскиот пакт, подружница на советски Кремљ на Балканот, метастазираните руски нагазни мини во безбедносно – разузнавачкиот, политичко-полицискиот живот на бугарската политичка и општествена сцена, и тоа како се силни.

Како што кај нас се силни, тие на подземен Белград, како наследство во мираз од поранешната заедничка федеративна држава , под чиј команден центар бевме формално-правно до 1991, а во реалноста и до ден денеска, цели 32 години по прогласувањето на независноста на Македонија. Напросто: неизгласувањето на уставните измени за влез на Бугарите во Уставот, како услов без кој не се може да се продолжат ефективно и ефикасно европреговарачките поглавја, и Македонија после 18 години застој конечно да тргне напред во интегративниот процес, не е бранење на македонскиот национален интерес, туку одбрана на српскиот свет во државата, како специфична карактеристика на рускиот таков, овде и на Балканот.

Постојано во своите фејбук писанија, тоа, поранешните пратеници во македонскиот парламент Ивон Величковски и Никица Корубин, го елаборираат со хируршка прецизност, го портретираат повеќе од три децении, дека поставените марионети на подземен и надземен Белград кај нас во политичките партии, безбедносно-разузнавачките служби особено, но и во академските сфери, бизнис-олигархијата најизразено, во медиумскиот сектор и да не збориме, се всушност „држава во држава“, и токму таа „држава“ не кочи нас како граѓани и општество, Македонија како земја, да направи еволутивна европска промена и да зачекори кон ЕУ, со надеж дека еден ден ќе постане нејзина полноправна земја членка.

Мене ми е навистина жал и тажно, што опозициската ДПМНЕ, цели 33 години, од нејзиното основање како антијугословенска и антисрпска партија, која го рушеше условно кажано комунизмот кај нас, стана идеолошка карикатура, во рацете на тој подземен и олигархиски Белград.

И на Будимпешта, командувана од Москва.

Партијата која се гордее дека е славна наследничка на историската страв и трепет за Србија, српскиот крал и двор, организација од крајот на 19-тиот и првата половина на 20-тиот век, денес е инструмент во рацете на српскиот официјален двор. И на патетичниот, нарцисоиден, со дијагноза на психички растроена подвоена личност „крал“ таму! На кој му прават официјални пречеци на годишнините од Зебрњак или од Брегалничката битка. Но тоа е веќе тема за поширока елаборација и стручна медицинска анализа за кое треба повеќе време и простор од една обична колумна.

Ќе се извлечеме ли од српско-рускиот свет!?
Да се сосредоточиме на актуелниов даден политички миг и моментум, кој го пропуштаме. Јас навистина не знам, ниту ме интересира дали лидерот на опозицијата е навистина луд ( психијатриски), пијан или дрогиран, или двете заедно, но човекот е навистина нетокму ако мисли дека со противењето на Американците за изгласување на уставните измени има светла животна или политичка иднина.

Примерот од неговиот претходник, кој е избеган како најголема птичка под кошула и кукавица на бреговите на реката Дунав, во Будимпешта. може да му послужи како своевиден егземплар што го чека, ако оди против нив. Во најмала рака. Да не се стигне до паднати авиони крај Мостар. Бог да чува. И да не даде!

Но тоа е реалноста, и тоа се состојбите за секој кој се обидел да оди против интересите на тие кои од своите даночни обврзници истуриле стотици милиони евра во капацитетите на нашите институции на системот, надевајќи се дека ќе ги направат модерни, функционални и европски. За „нашиве“ да ги направат криминални, корумпирани, со српско-руска засмрденост на тотално распаѓање и крахирање.

Е, не иде тоа така!

Пишува: Благојче Атанасовски за Нова тв

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.