Атлетико ќе го бара Лукаку плус пари за Жоао Феликс да остане во Челси и од лето?

Идејата на белгискиот ѕвер Ромелу Лукаку, кој е фудбалер на Челси да остане во Интер и по завршувањето на сезоната, можно е да донесе поинаков пресврт, па центарфорот од лето да мора да се пресели во Мадрид и да заигра за – Атлетико.

Англискиот новинар Дин Џонс објави дека постои опција Лукаку да биде вклучен во преговорите за Жоао Феликс, најскапиот фудбалер во историјата на Атлетико Мадрид да остане на „Стемфорд бриџ“.

Феликс оди на заем до крајот на сезоната во Челси без опција „сините“ да го откупат, но на лето можно е да се отворат преговори за негово останување, а Атлетико ќе бара сериозно засилување и според Англичанецот прва опција е Лукаку плус пари за да го дадат Португалецот.

Пронајдете не на следниве мрежи: