Ахмети: Со Алијанса се разговара но не за позиции во Владата

Разговори се одржуваат, но не за позиции. Вака Али Ахмети одговори на прашањето дали Алијанса за Албанците е поканета да влезе во владата. Тој вели дека деталите се уште не се разговарани, и не кажува колку министерски позиции ќе остапи ДУИ за влез на новиот евентуален партнер.

„Сето ова не се случува за да се спаси владата. Сето ова не се случува за спас на ДУИ. Сето ова се случува за процеси, тие се важни процеси. Тие се процеси во кои сите ние мора да придонесеме. Членството во ЕУ е единствениот излез да се запре иселувањето на луѓето од државата, луѓето се иселуваат, како да ги спречиме и како да создадеме услови да ги вратиме оние што се во странство“, рече Ахмети.

Вчера во Клубот на пратеници лидерите на коалиционите партнери во Владата одржаа состанок каде не откриваат дали било што во врска со проширување на вчадиното мнозинство е договорено.

Пред почетокот на средбата, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, нагласи дека ќе поддржи реконструкција на Владата само доколку се испочитува соодветната и правична застапеност и Балансерот.

Влезот на Алијанса во Владата е извесен, а тие ќе ги добијат министерствата за здравство и правда.

Алијанса за Албанците во петок одржува партико собрание каде ќе се одлучи дали ќе станат дел од владиното мнозинство, или не.

Пронајдете не на следниве мрежи: