За својот јубилеен роденден, 100-годишната Американка посакала да искуси апсење и таа желба ѝ била исполнета кога во вторникот ја привеле полицајци поради „егизибиционизам“ во домот за стари лица и ја однеле до затворот.
Под будното око на своите соучесници, Рут Брајант е уапсена, двајца полицајци ѝ ставиле лисици на рацете, ја ставиле во полициско возило и ја однеле, со вклучени сирени, како што е редот, до затворот во Персон, Северна Каролина.
Како што објавил локалниот медиум „Courier Times“, старицата со мака излегла од возилото.
Притоа протестирала и им сугерирала на полицајците дека би им било подобро да ги приведат произведувачите на „проклетите седишта“!
„Сите треба да бидат уапсени“, рекла таа.
Потоа била снимена, како сите осомничени, за полициско досие. Ја добила снимката за спомен и била вратена во домот за стари лица.