„Колку го платив станот? Па, милион и пол. А, ентериерот беше уште 700.000 евра. Се работеше, нема да се срамам од тоа“ – изјавил Бака Прасе за новиот пентхаус od 200m² на „Белград на вода“, каде се всели со својата девојка Ања и го покажа луксузот во ново видео.
Српскиот јутјубер Богдан Илиќ (26), познат како Бака Прасе, во видео на својот Јутјуб канал го покажа својот нов пентхаус од 200m2, лоциран во Белград или поточно „Белград на вода“.
Од станот се гледаат познатите згради во Белград како Кулата Белград со необичен изглед, на која имаше спектакуларно новогодишно одбројување, има поглед кон реката Сава, нејзините мостови, ноќното осветлување и панорамата на градот, а посакува еден ден да купи стан таму.
„Воодушевен сум од станов, лудило е. Ама еден ден ќе купам таму стан (Кула Белград), овој го изнајмувам, не го купив“ – вели тој во видеото.
Во новиот стан, Богдан се всели со својата девојка Ања Благојевиќ (22), позната како Ања Бла, инфлуенсерка и фитнес тренер, со која неодамна се смирија, една година по раскинувањето.
Тие одлучија втора шанса да си дадат во сосема нов стан, во кој ќе уживаат во неговиот луксуз и панорамскиот поглед.
Во станот има огромна дневна соба, две кујни, три спални од која едната ќе ја претвори во работна соба, каде ќе ги снима своите видеа кои имаат милионски прегледи, а во зградата има пристап и до базен и теретана.
Бака Прасе го вратил долгот од 50.000 евра, по испадот на социјалните мрежи сериозно настрада
Имено, тој секоја вечер прави преноси во живо на својот канал и, како што вели, огнометите кои знаат да се случат тука често и изгледаат спектакуларно, ќе може да им ги прикаже на своите следбеници.
„Колку го платив станот? Па, милион и пол. И тоа без ентериер. Ентериерот беше уште 700.000 евра. Се работеше, нема да се срамам од тоа што работев и го заработив овој стан“ – изјавил тој неодамна, а пренесуваат српските медиуми.
Кај неговата девојка Ања, која исто така е следена на социјалните мрежи, посебно на Тик Ток, кружеше постојано коментарот „Бакин стан“ (станот на Бака) каде следбениците алудираа на тоа дека таа живее на сметка на момчето.
На нејзиното последно Тик Ток видео, таа кажа дека се сели во нивниот заеднички стан, а не во „бакиниот стан“.
Коментарите за овој млад успешен пар се најразлични, од тоа дека се заедно од корист, дека тој ѝ купува скапи подароци за да биде со него, до тоа дека таа е всушност многу побогата од него.
Но има и позитивни коментари, како на пример дека се гледа дека вистински се сакаат, добиваат поддршка во тоа што го прават и дека, посебно Бака, заслужил да ужива во парите затоа што секогаш многу се вложува во сите видеа што ги снима.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.