Бака Прасе тврди дека е ограбен во Хрватска: „Моите ролекси, кеш, облека од 250.000 евра“ веќе ги нема

Тој тврди дека бил ограбен на островот Паг.Богдан Илиќ, односно Бака Прасе, еден од најпознатите српски јутјубери им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи. Тој тврди дека бил ограбен на островот Паг.
Ме украдоа. Синоќа некој упадна во нашата куќа, ги зеде сите работи од неа, меѓу кои имаше часовници и пари што ги донесов за снимање на спотот за песната со Voyage. Штета: сите работи, дури и облеката и парфемите на луѓето што беа со мене. Мои Ролекси, кеш, облека од 250.000 евра – напиша Бака Прасе.

Фала му на Бога што го убедивме Игор да не остане сам во куќата бидејќи можеше да се повреди. Благодарност и до хрватската полиција што веднаш се одзва на повикот, се фати за работа, донесе форензичари и спроведе истрага. Се надевам дека наскоро ќе го најдеме виновникот – додаде тој.
Тој вети и награда за оние кои ќе понудат каква било точна информација.
Награда од 25.000 евра за информација која ќе доведе до пронаоѓање на крадецот. Награда по апсење и враќање на часовниците – напиша тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: