БАРА ЗА ДА НЕ НАЈДЕ! Битиќи бара доброволци што ќе си ја намалат платата за 78%

Идната недела или најдоцна до крајот на годината ќе биде готово законското решение со кое Владата предлага да нема зголемување на функционерските плати во март и ќе биде доставено до Собранието, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Билатерална средба на Муцунски и Герапетритис утре во Њујорк
Министрите за надворешни работи на Грција и Северна Македонија, Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски утре ќе остварат билатерална средба во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА од …
 Ќерката на Чола полуде на концертот на Теа Таировиќ! Уна блесна во секси издание, погледнете со кого дојде
Наследничката на пејачот Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ се појави на концертот на Теа Таировиќ во белградска Арена.Ќерката на најголемата балканска ѕвезда, Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ , уживаше на концертот на Теа Таировиќ синоќа, 21 септември .Убавата Уна дошла …

– Законското решение, најверојатно, ако не наредната недела, до крајот на годината, ќе го дадеме на Влада. Ќе остане во Собрание да има 61 пратеник, кои ќе се одважат законското решение да го донесат. Поинакво решение нема можност. Кажав дека строго стојам дека не треба да има ново зголемување на функционерските плати од март според методологијата и тоа е најмалку што може да биде направено. И сметам дека тоа не треба да е прашање на разговор со ниту еден друг чинител, рече Битиќи.

Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот за реконструкција и адаптација на просторот доделен на НУ Џез оркестар на Македонија, за намалувањето на платите на функционерите за 78 посто, повтори дека е потребен општ консензус на сите.

– Во 1.260-те функционери има судии, обвинители, градоначалници, 120 пратеници, 20 министри, директори…, Сите треба да се согласат дека сакаат нивните плати да бидат намалени, а гледате дека во суштина во нашето оптество тешко се доаѓа до консензус за уште побитни прашања, а камоли да им земете нешто од буџетот, изјави Битиќи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.