Возачот на Мекларен Мерцедес, Џенсон Батон, верува дека и покрај лошиот старт во новата сезона, ќе биде конкурентен за освојување на титулата.Британецот во Австралија на првата трка го освои деветото место, додека во Малезија поради грешката на механичарите не ја заврши трката.„Мислам дека шампионатот е отворен и доколку ја се прашувам размислувам за титулата. Фетел за малку ќе ми ја земеше титулата во 2009 година, а беше исклучително лош во првите четири трки.Поранешниот светски првак ги прокоментирал и првите две трки.„Немавме среќа во Малезија. Во поголемиот дел од трката бевме побрзи од Лотус и Ферари, а дали некој претпоставуваше дека тоа ќе биде така? Сеуште не го достигнавме врвот, работиме на деталите. генерално, одлично е што голем број на екипи конкурира за освојување на бодовите, тоа е она што ни треба“, заклучил Батон.Следната трка, трета во шампионатот на Формула 1, ќе се вози на 14.април во Кина.
Макфакс Возачот на Мекларен Мерцедес, Џенсон Батон, верува дека и покрај лошиот старт во новата сезона, ќе биде конкурен