Во српските медиуми вчера се појави вест дека познатиот српски музичар Момчило Бајагиќ Бајага наводно завршил на лекување од алкохолизам во приватна руска клиника за лекување зависности во Земун, а тој сега јавно проговори за тоа.
– Јас сум одлично, не знам што можевте да добите, се чувствувам одлично, никогаш подобро! – рекол на почетокот Момчило Бајагиќ Бајага.
– Тоа за лекувањето не е точно. Немам проблеми, се чувствувам добро, ви благодарам за грижата – додал тој потоа за српска „Република“.
Како што напишал споменатиот медиум, Бајага наводно сфатил дека има големи проблеми со црниот дроб.
– Интернистот од Специјалната болница за интерни болести го посети Бајага во приватната клиника каде што беше сместен. Тој ја следел неговата состојба со оглед на тоа дека црниот дроб речиси целосно му бил уништен поради долгорочно консумирање алкохол. Затоа конечно се согласил на лекување бидејќи се знае дека оние кои имаат проблем со пиењето тешко се одлучуваат на овој чекор. Кај нас е особено општествено прифатливо да се пие и да се наздравува во сите прилики, па ретко кој, дури и кога ќе стане сериозен проблем, сака да го признае и прифати, а камоли да оди на лекување – изјавил изворот за тој портал, па продолжил:
– Момчило во последен момент реши да ги земе работите во свои раце и да дојде во оваа позната клиника, каде што успешно се лекува алкохолизмот. Тоа е долготраен процес и вклучува фаза на болничко или интензивно лекување и фаза на продолжено лекување. Психичкиот проблем кај целосната апстиненција од алкохол сè уште може некако да се реши, но штетните ефекти од долготрајната злоупотреба на алкохолни пијалаци врз органите како што е црниот дроб се нешто потешко да се санираат. Затоа во случајот на Бајага беше најважно секојдневното надгледување и следење од страна на интернист. Тој е пуштен дома, но постојано е под надзор на лекар, во смисла дека редовно доаѓа на закажаните сеанси кои ја опфаќаат неговата терапија. Кога станува збор за оштетување на црниот дроб, особено кога е оштетен поради алкохол, многу е важно пациентот да биде дисциплиниран, а Бајага секако дека е.