Бајден ги отфрли критиките: Меморијата ми е добра

Американскиот претседател Џо Бајден луто ја критикуваше истрагата која покажа дека тој погрешно постапувал со строго доверливи информации и не можел да се сети на клучните животни настани, пишува Би-Би-Си.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

„Мојата меморија е добра, немам проблем со тоа“, рече Бајден. Тој се нафрли на тврдењето дека не може да се сети кога починал неговиот син, велејќи: „Како, по ѓаволите, се осмелува да го каже тоа?“.

Истрагата откри дека Бајден намерно задржувал и откривал доверливи досиеја, но било одлучено дека нема да биде обвинет.

Специјалниот советник на Министерството за правда, Роберт Хур, откри дека Бајден неправилно чувал доверливи документи поврзани со војската и надворешната политика во Авганистан откако служел како потпретседател.

Во извештајот на Хур, кој разговараше со 81-годишниот американски претседател повеќе од пет часа како дел од истрагата, се наведува дека Бајден не можел ни да се сети кога починал неговиот син Бо.

Кога Канцеларијата на специјалниот советник го интервјуираше Бајден, според извештајот, претседателот „не се сеќаваше кога беше потпретседател, заборавајќи на првиот ден од интервјуто кога му заврши мандатот („ако беше 2013 година – кога престанав да бидам потпретседател?“) и кога му почна мандатот („2009 година, дали сè уште бев потпретседател?“)“.

Бајден остро ги негираше тврдењата.

„Искрено, кога ми го поставија тоа прашање, мислев дека тоа воопшто не е нивна работа. Не ми треба некој да ме потсетува кога тој (покојниот Бо Бајден) почина“, изјави американскиот претседател. Тој додаде дека бил многу зафатен и среде справување со меѓународна криза кога одговарал на прашањата на специјалниот обвинител во периодот од 8 до 9 октомври минатата година, во време кога Хамас го нападна Израел.

Пронајдете не на следниве мрежи: