Бајден потврди дека САД размислуваат да ѝ испратат борбени возила „Бредли“ на Украина

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека се разгледува опцијата за испраќање оклопни борбени возила Бредли во Украина, дел од уште еден пакет помош во оружје што ќе биде објавен во наредните денови.

„Да“, одговори Бајден на прашањето дали таа опција е „на маса“, пренесе Хина.

Бредли е оклопно возило со моќно оружје, кое американската војска го користи од средината на 1980-тите.

САД располагаат со илјадници „Бредли“, а американските медиуми оценуваат дека некои од нив сигурно би им помогнале на Украинците во борбата против руската инвазија.

Не е познато колку „Бредли“ се наменети за Украина, но САД подготвуваат уште еден пакет помош во оружје, кој ќе биде објавен во наредните денови.

Локалните медиуми посочуваат дека Бајден размислува за испраќање возила „Бредли“, но не спомнал ништо за тенковите „Абрамс“, кои Украина ги бара.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.