БГНЕС: Француските предлози за кревање на ветото за Македонија ќе бидат доставени до Софија денеска

Предлозите на француското претседателство за укинување на бугарското вето за почеток на преговорите меѓу РС Македонија и Европската Унија ќе бидат доставени во рок од неколку часа, јави БГНЕС.

Денеска Робин имала средба во парламентот на Бугарија:

…француската амбасадорка Флоренс Робин во Софија со пратеници од Групата за пријателство меѓу Бугарија и Франција во собранието разговалара на темата…

Информацијата произлегува по денешната средба на француската амбасадорка Флоренс Робин во Софија со пратеници од Групата за пријателство меѓу Бугарија и Франција во собранието.

На состанокот, кој започна во 11 часот, таа рече, според БГНЕС, дека ќе ги достави француските предлози за неколку часа и се надева дека ќе бидат изгласани во наредните денови, како што е договорено.

БГНЕС претходно денеска објави дека премиерот Кирил Петков денеска ќе ги испрати француските предлози до Народното собрание.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.