“Бев во тешка депресија”: Бијонсе проговорела за раѓањето на близнаците и нејзиното тело по породувањето

Loading...

Ова не е прв пат Бијонсе да се најде на насловната страница на модното списание “Vogue”, а сега не само што позирала туку била и главен уредник на ова септемвриско издание.
“Кога го родив своето прво дете, бев опседната со својот изглед. Сметав дека морам да изгледам онака како што налага општеството славните личности да изгледаат”, признала американската пејачката Бијонсе Ноулс во новиот број на списанието “Vogue”.
Популарната пејачка се нашла на насловната страница на изданието кое таа го уредувала, со што таа одлучувала кои текстови, наслови и фотографии ќе се појават во новиот број. Така, таа одлучила да напише своја исповед за животот откако станала мајка на трите деца – ќерката Блу Ајви (6) и близнаците Руми и Сер Картер (1).

Shouting Good morning from the top of my voice just because I can ??‍♀️?On another note today is the LAST day to ENTER ?? . . ??Surprise GIVEAWAY?? . . ??Rules and Instructions ?? . . ?follow @wantthatsignaturelook and myself @trendyukstylez . . ?Comment ‘Indigo’ . . ?Tag 3 friends who would also like to win the surprise giveaway ?? . . OPEN INTERNATIONALLY ??? . . Winner will be announced later today 7th August ???? . . #iconsofstyle #inspo #summervibes #momentrepreneur #queenbee #beyonce #ootdfash #ootd #fashionista #lookoftheday #bosslady#jumpsuit #girlboss #giveaway #giveawaycontest #freeclothes #itsalook #londontrend #london #cayman #icons #entrepreneur #smallbusiness #picoftheday? #fashionista #glam #clothesgiveaway #clothesforsale #clothesforwomen

A post shared by Tre’Doir (@trendyukstylez) on


“Моето здравје и здравјето на моите бебиња беа во опасност. Поради царскиот рез кој морав да го направам кога ги раѓав близнаците, лежев во кревет повеќе од еден месец. Оттогаш рацете, нозете, рамената и стомакот ми се подебели отколку претходно”, раскажала Ноулс која по бременоста била видена со сопругот Џеј Зи (47) како интензивно тренира во теретана, но нејзиното тело ѝ “откажало послушност”.
“Да, ми остана салото од трудничкиот стомак. За време на моето закрепнување го прифатив фактот дека моето тело сака да изгледа на тој начин и се помирив со тоа дека сега сум малку “посилна”, објаснила таа која на денот кога ги родила близнаците тежела 99 килограми.

Sir Carter and Rumi 1 month today. ??❤️??????????

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on


“По шест месеци, почнав да се припремам за “Coachella”. Станав веган, се откажав од кафето, алкохолот и сите овошни сокови, но бев трпелива со себеси и уживав во побујните облини. Истото важи и за мојот сопруг и децата”, додала таа.
Бијонсе зборувала и за тоа што очекува од нејзините ќерки:
“За мене е важно тие да се гледаат како извршни директори и шефови, и да знаат дека тие го пишуваат сценариото за своите животи, дека можат слободно да зборуваат и дека немаат граници. Не мора да припаѓаат на посебна категорија – не мора да бидат политички коректни се додека се автентични и имаат почит, емпатија и разбирање. Тие можат да ги истражуваат религиите, да се заљубат во било која раса и да го сакаат оној кој тие сметаат дека треба да го сакаат”, а потоа зборувала и за нејзиниот син, Сер Картер:
“Ги посакувам истите работи и за мојот син. Сакам да знае дека може да биде силен и храбар, но може да биде и чувствителен и љубезен. Тоа е се што една жена посакува од еден маж, а се уште не ги учиме нашите деца на ваквите вредности”, признала Бијонсе за “Vogue”.

loading...