„Бев милионер кој имаше замок, а СЕГА ЖИВЕАМ ВО КОМБЕ“ – Една работа целосно ми го промени животот

Поранешната милионерка Кејтлин Пајл реши да го напушти луксузниот начин на живот и да стане дигитален номад. Кејтлин има 36 години и водеше компанија за лекторирање, а нејзиното богатство вредеше четири милиони долари, пишува New York Post. View this post on Instagram A post shared by Caitlin Pyle (@thecaitawakening)Таа живеела со тогашниот сопруг во осумкатница на Флорида, но по разводот решила да го сврти животот и да ја продаде компанијата. Таа сега ја изнајмува својата палата со 18 соби, за која морала да плаќа околу 180.000 долари годишно како трошоци за одржување, преку Airbnb за 25.000 долари месечно. View this post on Instagram A post shared by Caitlin Pyle (@thecaitawakening)Кејтлин го купила комбето за 88.000 долари и вложила дополнителни 102.000 долари (нешто помалку од 94.000 евра) за негово обновување. Сега таа патува низ Америка пробувајќи нови активности како планинарење, додека работи и на интернет како животен тренер.„Ова беше најдобрата одлука што сум ја донела.” View this post on Instagram A post shared by Caitlin Pyle (@thecaitawakening)“Порано одев на неколку скапи одмори годишно. Тоа не беше одржливо. Сега трошам од 20 до 30 долари дневно и го живеам животот каков што отсекогаш сакав да го живеам”, признала таа и додала дека не планира да да се откаже од номадскиот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.