Без мака и неред – како да го излупите јајцето за неполни 30 секунди…

Се прашуваме зошто овој трик не сме го знаеле од претходно?
Лупењето на јајцето може да биде напорен процес. Освен што вложуваме многу време, понекогаш се случува додека ја отстрануваме лушпата да откинеме и половина од белката на јајцето.
Сепак постои еден трик со помош на кој може совршено да го излупите јајцето, а за тоа ќе ви бидат потребни помалку од 30 секунди.

На видео снимката која се прошири на интернет, еден допадлив маж ја претставува целокупната техника на лупење на јајцето. И навистина, не постои ништо поедноставно.
Потребно е јајцето да го ставите во чаша или тегла, а потоа да истурите ладна вода во него. Протресете ја чашата неколку секунди и ќе видите дека само со еден потег ќе може да ја отстраните лушпата.
Во следното видео може да видите како изгледа овој трик:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.