Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5 проценти, напиша на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.
Во врска со Одлуката на Министерството за финансии за повластена даночна стапка на одредени прехранбени производи, министерот Бектеши објави дека доколку има грешка во листата таа ќе се корегира.
– Доколку во има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата, напиша министерот Бектеши и ги повика граѓаните да бидат спокојни.
- Голема полициска акција во Црна Гора, уапсени се најмалку 10 лица
- Поранешниот српски претседател ќе ја истражува Вселената, Борис Тадиќ стана директор на кинеска компанија во Хонг Конг
- Внимвајте ако возите кон Катланово – Велес, има одрони
- Тереза Кесовија падна и заврши во болница, лошо се чувствува и не е во состојба да зборува
- Земјотрес во Босна и Херцеговина
Бектеши потенцира граѓаните да бидат спокојни. -Мерките кои ги носиме за заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати. Цените на основните прехранбени производи можат само дополнително да се намалат, но не и да се зголемат, пишува тој.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.