Бектеши Млеко, месо, леб, пекарски производи, тестенини ќе поефтинат за 10 отсто од утре

Министерот за економија Крешник Бектеши го објави списокот на прехранбени производи, кои во согласност со одлука на Владата треба да поевтинат 10 отсто од цената по која се продавале на 1 август во трговијата на мало.

INFOMAX.MK
Силниот и интензивен дожд што доцна попладнево и вечерва ја зафати Општина …
Страшно: Невремето ја парализира Албанија
Невремето, проследено до обилни и интензивни врнежи, силен ветер, електрични празнења, речиси …
ЕУ ќе ѝ помогне на БиХ за справување со поплавите
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел …
„Сакам да творам во Македонија, а ако некој смета дека не е во ред, нека се вратат 5-те милиони евра и јас ќе ја напуштам земјата“, вели Чифлиганец за новата зграда спроти „Ист Гејт“
Компанијата „Адора инженеринг“ на бизнисменот Ванчо Чифлиганец започна со изградба на станбено-деловен …

Овие производи, како што рече Бектеши, во маркетите ќе бидат обележани со гарантирана цена до крајот на ноември 2023 година.

Тој соопшти дека листата е утврдена и цените ќе треба да се применат по објавувањето во „Службен весник“.
Леб и пекарски производи, млеко и млечни производи, месо, тестенини и слично, се дел од производите што ги најави Бектеши.

Бектеши ги повика и производителите и трговците да се координираат бидејќи пазарните инспектори, како што рече, ќе издаваат казнени налози со забрана за вршење дејност, односно продавниците ќе бидат затворани.
„Треба да ги одбележат сите овие производи со натписот ‘гарантирана цена’, која е објавена на веб-страницата на Министерството за економија и овие производи количински да ги снабдуваат најмалку за 70 отсто во однос на количините од август 2023“, рече Бектеши.

Појасни дека продолжуваат преговорите со производителите и дистрибутерите на безалкохолни пијалаци за намалување на цените и на овие производи.
За оние што сакаат да манипулираат, како што рече, најавени се строги контроли и казни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.