Бектеши поголем патриот од Мицковски?

На денешната прес-конференција на министерот за економија се случи чуден настан. Новинарка го опомена министерот Бектеши дека не го употребува уставното име, туку користи Република Македонија.

– Зборувате за непостоечка држава. Зборувате за државата на која името ѝ е променето, а стоите тука покрај три знамиња – реагираше Дуковска.

Бектеши поголем патриот од Мицковски?

Бектеши одговори дека во времето кога се направени документите кои ги презентираше во врска со рудниот Иловица, државата се викала Република Македонија и не гледа зошто на некому би му пречело да се користи тој термин и во денешен контекст.

На ова министерот Бектеши ѝ одговори:

„Само да бидеме начисто. Документите и зошто викам Република Македонија се донесени кога името на државата било Република Македонија. Нема никаков проблем да не кажувам Република Македонија“.

За потсетување, Мицкоски изјави дека смета дека новото уставно име ” Република Северна Македонија” е реалност и дека врз основа на таа реалност моментално функционира и државата.

„Тоа што се случува во советите е бидејќи законот за локална самоуправа не е усогласен со уставот. Затоа изјавите се такви какви што се. Дали од тоа некој сака да направи дефокус од падот на Владата, е друга тема. Суштината е дека треба да имаме брзи парламентарни избори со оставка на Владата и да ги решаваме. Ако ме прашувате дали е реалност, па ние функционираме. Таа нова реалност ја донесе Зоран Заев, ние сме се произнеле за таа нова реалност. И новите градоначалници се произнесоа. Дали реалноста ни се допаѓа, не ни се допаѓа. Ако не се почитува таа реалност, има други последици, како Обвинителство и судство, изјави неодамна Мицкоски.

Очигледно на Бектеши не му е страв да го користи името Македонија…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.