Бектеши тврди дека нема да се намалат сметките за струја

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши тврди дека речиси сигурно нема да има намалување на цената на струјата од 1-ви јануари 2025 година, туку, според него, со оглед на барањата на енергетските компании, може да има само зголемување.

Бектеши повтори дека од 1-ви јули Владата ја поскапи струјата за малите компании.

„Намалување на сметките сигурно нема да има. Имајќи ги предвид барањата на енергетските компании, вклучително и ЕСМ, се очекува МЕПСО да ја зголеми цената на струјата и за домаќинствата и за малите и средни компании. За жал, оваа влада од 1 јули одлучи да ја поскапи струјата за малите компании за 65 проценти.

Сигурно нема да има намалување, но доколку нема субвенција од Владата, може да има поскапување на струјата дури и за домаќинствата“, рече екс-министерот во емисијата „Дејли клик“.

Бектеши посочи дека дополнително треба да има зголемување на минималната плата која, како што вели, треба да биде меѓу 450 до 500 евра, вклучително и во јавниот и приватниот сектор. Според него, ова зголемување ќе влијае на линеарно зголемување на сите плати, но не ја исклучи можноста за мало зголемување на инфлацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: