Конференцијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, беше прекината неколку минути од членовите на тајната служба, која го извади првиот човек на Америка од просторијата за брифинг, по информациите дека имало пукање пред Белата куќа.
Според „RT“, вооружени припадници на тајната служба биле видени како патролираат пред Белата куќа, а новинарите биле изненадени кога им било наредено да ја напуштат просторијата каде се одржувала прес-конференцијата.
TRUMP EVACUATED from White House press briefing room by US Secret Service. An agent locked the briefing room doors from the exterior. pic.twitter.com/El9Xi4lAlE
— Jennifer Jacobs (@JenniferJJacobs) August 10, 2020
Медиумите наведоа дека слушнале два силни истрели пред Белата куќа. Според првите информации, едно лице е повредено и однесено во болница.
„Имаше пукање пред Белата куќа“, рече Трамп на прес-конференцијата што продолжи наскоро и им се заблагодари на членовите на тајната служба за нивната брза реакција.
Трамп му рече на новинарот дека инцидентот „најверојатно немал никаква врска со тоа“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.