Распоредувањето на оружјето во Белорусија доаѓа во време на зголемен притисок од Москва врз Минск да и помогне на инвазијата на Украина.
Ракетните системи „Искандер“ и системите за противракетна воздушна одбрана С-400, кои Русија и ги префрли на Белорусија, се подготвени да ги извршуваат своите задачи, изјави Леонид Касински од Министерството за одбрана на Белорусија.
„Овие типови на оружје (Искандер и С-400) се во режим на борбена готовност и 100 отсто подготвени за извршување задачи“, рече Касински на Телеграм.
Ракетниот систем Искандер има дострел до 500 километри и може да носи нуклеарни боеви глави, а Украина и Полска, кои се членки на НАТО и се граничат со Белорусија, се особено ранливи, наведува Ројтерс.
Детектира и „невидливи“ авиони
Системот за противракетна одбрана С-400 користи четири проектили на лансирната рампа, односно четири различни дострели.
Има способност да детектира „невидливи“ авиони на оддалеченост од околу 150 километри.
Времето потребно за преминување на системот С-400 од позиција на марширање во борбена позиција е од пет до 10 минути, а времето за доведување на системот во борбена готовност од позицијата е три минути.
Касински изјави и дека авијацијата на Белорусија е адаптирана за да може да носи, како што вели, „специјална муниција“.
Пронајдете не на следниве мрежи: