Бербок: Не смее да се дозволи Русија да ја попречува работата на ОБСЕ

Соработката во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата на ОБСЕ во последните година и пол, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во своето обраќање на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.

Кандидатот на Трамп за шеф на ФБИ цел на хакерски напад
Каш Пател, кого новоизбраниот претседател Доналд Трамп го избра да го води ФБИ, неодамна бил известен од бирото дека е цел на иранско хакирање, изјавија за Си-ен-ен два …
(Видео) Такер Карлсон: САД не му дозволува на Зеленски да има интервју со мене!
Американскиот новинар Такер Карслон на социјалната мрежа „Х“ објави дека допатува во Москва на интервју со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.Карлсон додаде дека интервјуто ќе биде објавено …

Бербок, исто така, порача дека нема да ја дозволат играта на Русија да ги уништи организациите кои се потпираат на мирен соживот и соработка.

– Како ниедна друга организација, ОБСЕ се залага за безбедност на повеќе од 1,3 милијарди луѓе, што значи дека тие сакаат да живеат заедно во мир и безбедност и добар економски развој, нагласи Бербок.

Фактот дека Русија не успеа да го уништи ОБСЕ „е важен придонес за нашиот мировен поредок“, рече шефицата на германската дипломатија, нагласувајќи дека „овој поредок на мир мора да продолжи“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.