Мергим Бериша со голот по десет минути во вториот дел му донесе многу важна победа на Аугсбург со 1-0 против Баерн Минхен на стартот на 19-то бундеслигашко коло, во битката за опстанок на својот тим.
Аугсбург дојде на плус пет од црвената зона за мирен викенд и пресуди погодокот на Бериша на асистенција на Енгелс за да им го нанесе деветтиот пораз на „фармацевтите“ кои сѐ повеќе заостануваат во својата битка за излез во Европа.
Баер со поразот остана на 24 бода, осум зад шестиот Ајнтрахт Франкфурт, а десет од зоната за ЛШ од Борусија Дортмунд и Фрајбург кои имаат по 34. Аугсбург сега има 21 бод, а првиот во опасната зона Бохум е на 16 со меч помалку.